Масакрот на припадниците на „шкаљарскиот“ нарко клан кои беа убиени во стан во германскиот град Форст е дело на луѓето блиски до Лука Бојовиќ кој е во затвор во Шпанија.

Како што пишува „Република.рс“, убиството го нарачал Филип Кораќ кој сакал да се освети на црногорската мафија која открила кој стои зад бројни убиства меѓу кои и за убиството на навивачот на Партизан викан Сале Мутави. За неговата ликвидација наводно се платени 100.000 евра.

„Шкраљарците биле застрелани во т.н „штек“ стан во кој престојувале. Кораќ последен пат беше виден на вечното дерби Црвена Ѕвезда-Партизан но сега најверојатно се крие во Аргентина.