Името на претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели, се споменува во видео снимки во кои е вклучена криминална група која разговара за наводни уцени.

На прес конференција што се одржа во четвртокот, Весели не ја коментираше поврзаноста на овие луѓе со пратениците на Демократската партија на Косово.

„Оваа недела некои медиуми објавија видео снимки во врска со случајот на организиран криминал, во кои луѓе обвинети за проневера и други сериозни злосторства, го споменаа моето име. Немам никаква врска со тој случај, ниту со луѓето што се вклучени во тоа , изјави Весели.

Тој посочи дека ако се докаже неговата вмешаност во таа афера, ќе поднесе оставка.