Изборите во Бугарија и формирањето на новата влада може да доведе до тоа партијата „Преродба“ да биде фактор за тоа кој ќе биде нова власт кај источниот сосед. Партијата „Преродба“ или на бугарски „Възраждане“ е предводена од лидерот Костадин Костадинов.Оваа партија важи за проруска и антимакедонска, антиромска и е против мигрантите.

Костадинов се пофали дека илегално влегол во Македонија и оставил бугарско знаме на тромеѓето на „двете бугарски држави и Грција“.

Според последните анкети оваа партија е трета и без неа ќе биде невозможно да се формира владата на Бугарија која најверојано ќе биде предводена од Има таков народ на Бојко Борисов.

„Македонија е втората бугарска држава на Балканскиот Полуостров и Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа“, пишува во програмата на Преродба.