Во пограничните реони на Бугарија луѓето масовно ги продаваат своите адреси за регистрација на странци, а тарифата е меѓу 50 и 100 евра, јавува „Бтв новините“.

Во општините Ќустендил и Благоевград се регистрирани близу 13 илјади Македонси и Срби.

Бев целосно шокиран – вели градоналалникот на Ќустендил, Петар Паунов.

Во благоевградско и ќустендилско има адреси со стотици луѓе регистрирани на секакви можни места – парцели на ниви, куќи по селата и во ромските маала, а 300 души, пак, се водат на адреса на трафостаница!