Македонија и Унгарија немаат потпишано договор за екстрадиција поради што земјава ќе бара враќање на поранешниот премиер, Никола Груевски преку други правни мерки, соопштуваат од Министерството за правда.

Правните акти преку кои ќе се бара екстрадицијата на Груевски се Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна помош од 1968 година.

Ваква беше ситуацијата и при барањето за екстрадиција на Горан Грујовски и Никола Бошковски од Грција, кога исто така Македонија се повика на други правни акти.

Експремиерот, Груевски замина во Унгарија каде што побара политички азил, откако двогодишната затворска казна за случајот „Тенк“ стана правосилна.