Два борбени брода на НАТО во Средоземјето, впловија во најголемото албанско прстаниште Драч. Нивното пристигнување се поврзува со десетгодишнината од членството на Албанија во Североатлантската алијанса, како и спроведување воена вежба со албанската морнарица.
Бродовите се дел од холандската и канадската морнарица и нивното пристигнување, според командантот на француската морнарица Сјоерд Фенстра претставува „признание за придонесот на Албанија, како дел од мисиите на НАТО на копно и на море”.
„На десетгодишнината од членството на Албанија во НАТО, ние сме тука за дадеме прзнание за вашиот придонес. Во тие рамки, исто така, ќе реализираме и заедничка вежба. Нагласувам дека од големо значење е соработката и зајакнувањето на односите меѓу земјите-членки на Алијансата, изјави Фенстра.
Во изминатите десет години откако е членка на НАТО, Албанија била дел од мисиите во неколку земји во светот. За време на членството на земјата, загинаа тројца припадници на албанската армија, Фети Вогли во Авганистан, како и недоамна во Летонија, Зарифе Хасанај и Клодијан Тануши.
Албанските поморски сили се дел и од мисијата за спасување на имигранти во водите на Егејско Море.
Comments are closed for this post.