Во досието за трговија со човечки органи на Срби кое го спроведува српското обвинителство објавен е ценовник за кој во озогласената „жолта куќа“ се ваделе органи.

Како што пишува „Ало.рс“ на црниот пазар бубрег се продавал за 10.000 долари, а пак срце за 6.000.

Зафатите биле правени во касарни и во домови на здравје во Тирана како и во невропсихијатриска болница во склоп на затвор во Албанија. „Болница“ била адаптирана и во т.н „жолта куќа“ во Тропоја на северот на Албанија.

Косовската полиција завчера влезе во неколку приватни клиники во Албанија заради сомневање дека се правеле илегални операции на органи.