Поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски прв пат по подолго време се појави во јавноста. Тој беше во Црна Гора на формирањето на, како што е наречена новата непрофитна и доброволна организација „Подгорички клуб“.

Црвенковски е еден од основачите во клубот заедно со поранешните претседатели на Словенија, Данило Тирк, како и поранешните премиери на Србија и на Хрватска, Мирко Цветковиќ и Јадранка Косор.

Членови на клубот се поранашните претседатели на Словенија,Кучан, на Хрватска, Месиќ, на Косово Мојсију , како и поранешните премиери на Македонија и на Црна Гора, Хари Костов и Игор Лукшиќ.

Целта на клубот е соработка на државите во регионот под слоганот „нов наратив на Западнииот Балкан“.

Црвенковски во Македонија ретко се појавува во јавноста. Последен пат преку соопштение побара поддршка на Договорот со Грција и повика граѓаните да излезат на референдумот.