Само еден час откако изјави дека наесен ќе учествува во претседателската трка, а информацијата ја пренесоа скоро сите медиуми, бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, се предомисли.

Тој на својот фејсбук профил напиша:

-Не, нема да се кандидирам за претседател! Ако го остават Радев наместо нив да се на политичката сцена, ние сме подготвени да бидеме опоненти и на таа заткулисна влада и да се сретнеме на нови избори, кога и да бидат тие.