И благодарам на Бугарија за тоа што е толку ангажиран и почитуван сојузник во Алијансата. Високо ја цениме вашата лојалност и ангажман. Бугарија придонесува за безбедноста, учествувате во различни мисии и операции на НАТО, играте стратешка улога во регионот на Црно Море, придонесувате во борбата со тероризмот.
Ова го изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во Бугарија и иамше средба со премиерот Бојко Борисов, пренесуваат бугарските медиуми.
Според Столтенберг, проширувањето на НАТО со Бугарија придонело за засилување на Алијансата и на колективната одбарана.
Ја цениме и ратификацијата на Протоколот за присоединување на Северна Македонија кон НАТО. Факт е дека потпишавте договор за добрососедство со Северна Македонија, што го отвори патот за Преспанскиот договор и сега Северна Македонија е на пат да се присоедини кон НАТО, изјави Столтенберг.
Од своја страна, бугарскиот премиер Борисов изјави дека Бугарија не е тројанскиот коњ на Русија во НАТО.
Ние сме најдисциплинираните и лојални членови на Алијансата, рече Борисов.
Comments are closed for this post.