Ако Србија не се разбере со Косово, целиот регион нема да има перспектива, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува БНР.
Истовремено Борисов изразил разбирање во однос на српските позиции.
Но, ние за нашите браќа Срби се уште ќе помагаме. Не случајно догодина во октомври ќе ни биде готова магистралата до Белград. Не сакав да скокнеме или да реагираме силно, зашто ги разбирам Србите колку ги боли за Косово. Ги разбирам, ги сакам, тешко им е. Но, колку и да е тешко, таму треба да се донесе конечна одлука. Неслучајно францускиот и германскиот претседател и канцелар ги организираа тие средби. Тоа е како камче во обувка, ако не го извадиме, ако не помине, нема друго за регионот, колку и да говориме за инфраструктура, дигитална поврзаност, изјави Борисов.
Comments are closed for this post.