Лидерите на на двете главни партии во обединетата албанска опозиција,ги повикаа граѓаните да учествуваат на протестите на 8 јули, додавајќи при тоа дека нема да преземаат ни чекор назад по барањето за заминување на премиерот Еди Рама.

Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша, опозициската битка ја нарече соочување со инкриминираната влада, додека претседателката на третата по големина партија во земјата,опозициското Социјалстичко движење за интеграција(ЛСИ), Моника Круемади рече дека крајната цел е да се гарантира слобода на гласот.

Двајцата повикаа на масовно учество на 10-от „национален протест“ закажан за на 8 јули. На Фејсбук, Баша напиша дека нема ни чекор назад до заминувањето на премиерот Рама.

-В понеделник, 8 јули, во 20:00 часот, сите во Тирана обеднети против криминалната диктатура, во одбрана на слободата и достоинството, обединети против бандата која ограби се, обединети за вашите семејства и деца, за Албанија како Европа. Ни чекор назад.Рама оди си, напиша Баша на својот профил на Фејсбук.

Круемади порача дека ова е момент да и се даде на Албанија држава со силни институциии и систем кој не ја зацврстува контролата на поединецот над државата, туку ја гарантира моќта на народот над власта.

-Во оваа битка сме не само за решавање на сегашната криза, туку и за ставање крај на 30-сет годишното тешко искушение на транзицијата. Еди Рама ја изгради власта над уништувањето на институциите и нивната заробеност. На 30-ти јуни, Албанците ја отфрлија автократијата, власта на организираниот криминал, државата со ограбување на даноците на Албанците и лажно партиско-државно гласање,рече Круемади.

Според неа Албанците заслужуваат влада која е одговорна пред народот, функционален демократски систем кој произлегува од слободни и фер избори, татковина каде што сите се еднакви пред законот, со еднакви можности за вработување, социјална помош, здравство, образование и каде не се гази човечкото достоинство.

-Ова е моментот да и се даде на Албанија држава со силни институции и систем кој не ја зацврстува индивидуалната контрола над државата, туку гарантира моќ на народот над власта. На 8-ми јули, сите заедно за европска Албанија. Ниту чекор назад,порача Круемади.

Десеттиот „национален протест“ на обединетата албанска опозиција се одржува во ист ден,кога албанскиот парламент, во 17:00 часот почнува седница,со единствена точка на дневен ред, формира анкетна комсија која треба да испита дали претседателот Илир Мета го прекршил Уставот со уредбата за одложување на локалните избори, како последователен чекор за негово разрешување.