Уште еднаш покажавме колку емоции има во политиката на Балканот. Посакувам да има повеќе разум. Тоа што го изјави премиерот е целосно точно и политички и правно. Не гледам ништо, што толку ги запали емоциите на Ивица. Еден министер за надворешни работи не треба да се губи во преводот. Европската Унија не признава држави.

Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во гостување на БТВ.

Не мислам дека такви изјави се продуктивни. Ние сме „за“ добрососедски односи и не толерираме такви емоции. Не е прифатливо на тој начин да се обраќа министер за надворешни работи кон премиер, објасни таа.

Според бугарските медиуми, Екатерина Захариева го повикала српскиот амбасадор во Софија на разговор во понеделник.

Захариева уште еднаш се осврнала и на прашањето околу Гоце Делчев и спорот со Северна Македонија.

Гоце Делчев е заеднички, имаме заедничка историја. Тоа што го бара Бугарија е да ја кажеме вистината. Гоце Делчев е Бугарин, многу важен и за нивната историја. Таа личност би требало да не обединува, изјави таа.