Бибордите кои низ Словенија за прославата на Денот на независноста 25 Јуни ги постави партијата чиј лидер е Јанез Јанша предизвикаа реакции во регионот. Особено во Србија каде социјалните мрежи се преплавени со остри коментари.

На еден од билбордите се гледа како војник на ЈНА е сорацете во вис, односно се предава. Фотографијата ги отсликува воените дејствија во Словенија на почетокот на распадот на Југославија, а под неа е напишано, 25 Јуни, Ден на државноста,  честитаме.

Референдумот за независност на Словенија беше одржан на 23 Декември 1990. На 27 Јуни 1991 започна десетдневниот судир со ЈНА. Армијата на поранешна Југославија не сакаше да дозволи ваков развој на настаните. На чело на словенечките сили беа Јанез Јанша и Игор Бачвар.