Српските цариници при претрес кај возач на камион на граничниот премин Ватин откриле 25 000 евра кои тој сакал нелегално да ги пренесе во неговиот чорап.

Тој им рекол дека нема ништо да пријави и дека со него носи 8 000 евра. При претресот на камионот како што јавуваат српските медиуми не било пронајденоо ништо, но кај возачот 61 годишен српски државјанин кој одел за Романија, цариниците во задниот џеб од панталоните пронашле 10 000 евра, а во еден од чорапите 25 000 евра.

Камионот бил со регистарски таблички од Нови Пазар.