Состојбата во Албанија лесно може да ескалира откако Парламентот изгласа импичмент на претседателот Илир Мета бидејќи тој реши да ги одложи локалните избори. За Мета да биде сменет позитивно треба да се изјасни и Уставниот суд но според проценките на албанските медиуми тоа нема да се случи.

Како револт од одлуката на Парлементот вчера беше нападнат конвојот во кој беше премиерот Еди Рама. Насобраната толпа удираше со камења и други предмети по автомобилите кои поминаа со голема брзина.