Српските власти најавија дека наскоро ќе започнар рушење на куќата на Веља невоља. Ова здадние на Вељко Беливук важи за најлуксузните во населбата Звездара. Има околу 400 квадрати, обезбедено е со камери а досега никој не успеал да види како е внатре.

Локалните власти велат дека куќата ги нема неопходните дозволи, односно е дивоградба и оти затоа мора да биде срушена.

Стаклата во куќата на Веља се блиндирани и изграден е ходник со кој е поврзан со соседната куќа во која живее неговиот партнер Марко Миљковиќ кој исто така е во притвор.