Серија земјотреси во Грција со интензитет од 3-4 степени почувствувани и на територија на Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 03.3.2021 година регистрира серија на земјотреси чии епицентри се наоѓаат 260 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.