Во 1997 година во Србија исчезнале 480 милиони марки од продажбата на Телеком. Никој не знае каде се парите, а по се изгледа дека таа тајна во гроб ја однесе личнaтa банкарка на Слободан Милошевиќ, Борка Вучиќ.

Таа за сите трансакции водела паралени книги и точно знаела каде завршиле парите, пишува „Курир.рс“.

По симнувањето на власта на Милошевиќ, новите власти на чело со премиерот Ѓинѓиќ веднаш тргнале по Вучиќ за да им открие каде се наоѓаат. Дури и се заканувале, но таа веднаш се пожалила кај тогашниот амбасадор на САД во Србија и притисоците престанале..

Бранка почина во 2009 година во сообраќајна несреќа.