Преку албанската мафија доаѓа најголемиот дел од прометот со кокаин во Европа. Балканската рута преку Албанија со години е главен пат за шверцување на дрога, оружје и бело робје.

Станува збор за еден од главните канали преку кои опојните дроги пристигнуваат на пазарот во Европа.

Дрогата во Албанија е исклучително тешко да биде откриена поради планинското подрачје и лошата инфраструктура, Албанија е една од најважните земји на оваа рута. Албанската мафија е исклучително моќна, односно се смета за петтата најмоќна мафија на светот.

Поради распространетата мрежа цената на кокаинот во Европа е падната па така еден грам на црниот пазар може да се најде и за 70 евра.

Долги години водач на албанската мафија беше Клемент Балили, попознат како „Балканскиот Ескобар“, кој се предаде на почетокот на годината.

Во политичките кругови во Албанија се говореше дека тој се предал по барање на на американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу. Токму САД направија притисок до премиерот Рама Балили да се предаде и државата да почне безмилосна борба против шверцот со дрогата.