Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека, во обид да ја ослабат одбраната на северно Косово, властите во Приштина имаат намера в понеделник да апсат српски полицајци.

Според информациите кои ги добил Вучиќ, властите во Приштина сакале да уапсат 26 припадници на косовската полиција од северно Косово, како и 15 други лица, со цел тоа подрачје да остане незаштитено.

Тоа е нова намера, под изговор дека тие, наводно, учествувале во корупција и тоа ќе го прикажат како случај на борба против корупцијата, со цел северот на Косово и Косовска Митровица да останат незаштитени и тоа сакаат да го направат на највалкан начин, рече Вучиќ.

Тој рече дека за намерата на Приштина ги информирал меѓународните институции и оти лично направил неколку телефонски разговори.