Албанија е рангирана на трето место од земјите во транзиција со најголем процент на мигранти споредено со бројот на населението.

Ова се наведува во извештајот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во последниот извештај „Транзиција 2019“.

Албанија е на трето место, веднаш зад Газа и Босна и Херцеговина.

Што се однесува до тоа колку би сакале да ја напуштат земјата оваа година и тука Албанија е на самиот врв. На врвот се земјите од Субсахарска Африка со Либерија, со процент од 14 отсто, додека Албанија е на шесто место – 10 проценти рекле дека би сакале оваа година да се иселат од земјата.

Главни дестинации за мигрантите се Русија, Германија, Украина и Обединетото Кралство.