Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, продолжува да изнесува детаљи од неговите последни денови во министерската фотелја, во кои најинтересни се тие поврзани со Преспанскиот договор. Во врска со оставката Коѕијас вели дека половина од членовите на Сириза биле против неа, иако, тој е политичар, но не доаѓа од партијата Сириза. Бившиот министер нагласува дека премиерот Ципрас се однесувал како Понтиј Пилат, односно преку него си ги измил крвавите раце.

Од друга страна, тој за прв обелоденува дека добивал и сериозни закани по неговиот живот.

„Тоа утро се разбудив среќен (на денот на оставката н.з.. Немав поддршка од ниту еден министер. Половина од Сириза беа против мене. Затоа што јас не зборувам? Јас сум политичар, но не градам политичка кариера. Некои сакаат политичките разлики да станат лични разлики“, рече Коѕијас.

Тој обелоденува дека голем дел од планираните кампањи за Преспанскиот договор не се остварени, делумно и заради конфликтот со министерот Панос Каменос. Требало да има кампања во Македонија, да се отворат различни канали во северна Грција, тие не биле спроведени за да не се вознемири владиниот партнер (АНЕЛ).

Притоа Коѕијас обелоденува дека против него биле изнесени сериозни закани и по неговиот живот, но обвинителот не реагирал, односно немало никаков напредок во истрагата.

„Со закани и уцени сакаа да спречат ратификација на Преспанскиот договор. Постои еден центар кој најверојатно е финансиран од партиски структури, веројатно од Грци во Америка, чудни бизнисмени…тие што ги земаат парите знаат од каде ги земаат“, вели Коѕијас.