Албанија прогласи за непожелни 52 грчки државјани, кои присуствуваа на погребот на Константинос Кацифас, државјанин на Албанија и Грција.

Него минатата недела го уби албанската полиција на југот на земјата.

Помошникот на албанскиот министер за внатрешни работи Самир Лешај ја оцени, како „неприфатлива, навредлива и опасна” активноста на наведената група во текот на погребот.

Тој рече дека нивното однесување било провокативно и опасно, наведувајќи дека таа група ја блокирала главната сообраќајница и им се заканувала на новинарите.