Престрелката се случила во селото Буларат (Вуљаратес, на грчки) каде што живее поголема грчка заедница во текот на прослава на грчки национален празник. Според извештаите во грчките и албаските медиуми, Гркот идентификуван како Константинос Кацифас истакнал грчко знаме на грчките воени гробишта, коешто наскоро го симнале албанските полицајци.

Потоа Гркот отворил оган од автоматска пушка „калашников“, според медиумите, но грчките наведуваат дека не е познато дали пукал во воздух или кон полицијата. Фотографиите во албанските медиуми покажуваат дупки во прозорците на еден полициски автомобил со кој наводно било интевренирано.

Грчкото министерство за надворешни работи во соопштение објави дека грчкиот државјанин бил убиен при обидот да биде уапсен.

Грчките власти, заедно со албанските, од првиот миг внимателно го следат настанот во селото Вуљаратес во Албанија, каде што грчки државјанин наводно отворил оган од автомат врз албански полициски автомобил, кој дошол да го уапси. Официјално ни е соопштено дека во престрелката со албанските полицајци загинал Константиност Кацифас“, се наведува во соопштението на грчката дипломатија.

Грчкото министерство, сепак, истакнува дека „неприфатливо е операцијата (на полицијата) да доведе до губење на човечки живот“ и додава дека очекуваат албанските власти целосно да ги разјаснат околностите во кои загинал грчкиот државјанин и да се преземат соодветни мерки.