Како што јавува „Газета експрес“, за формирање на Министерство за обрана гласале 101 од 102-та присутни пратеници. Формирањето на вооружените сили на Косово ќе бара измена на Уставот.

Претходно, претставниците на „Српската листа“ ја напуштија салатата.

Парламентот на Косово непосредно по стартот на дебатата за трите владини предлози околу трансформација на Косовските безбедносни сили во војска, со 101 гласа “за” го донесе првиот дел од законскиот акт, а се очекува гласање и на другите два.

Откако предлогот на опозицијата беше прифатен да биде прва точка на денешната седница, пратениците на Српска Листа ја напуштија седницата.

Пред почетокот на дебатата за трансформација на ФСК, шефот на пратеничката група од српската листа Игор Симиќ рече дека пратениците Срби категорично се против формирање на армија, по што ја напуштија салата. Симиќ рече дека трансформацијата на ФСК во армија не е во интерес на малцинските заедници.

По подолго време, Албанците постигнаа единство во врска со трансформацијата на ФСК во Косовска армија, каде се обединија и власта и опозицијата. Опозицијата, која ги бојкотира парламентарните седници, сега е присутна на седницата.

Владиниот предлог на сет закони има за цел да го заобиколи уставот, на кој инсистира меѓународната заедница, и да овозможи ФСК да се трансформира без согласност на Србите и другите припадници на малцинските заедници во Косово. Министерот на ФСК, Рустем Бериша, рече дека нацрт-законот на Министерството за одбрана е изготвен во согласност со уставните норми.

Постапката и формирањето на Министерството за одбрана се спроведени во согласност со уставните норми. Овој предлог-закон предвидува трансформација на Министерството на ФСК. Министерството за одбрана ќе биде составено од државни службеници и воен персонал, рече Бериша.

Пратеникот од опозициското движење Самоопределување, Реџеп Сељими, му порача на претседателот на собранието дека движењето ги поддржува предложените законски измени. Исто така, рече дека ниту еден од пратениците не треба да се спротивстави на формирањето на армија на Косово.

Шефот на парламентарната група на највлијателната опозициска партија Демократски сојуз на Косово, Авдула Хоти, во дискусијата во врска со трансформацијата на ФСК, рече дека само оние кои се противат на НАТО би можеле да бидат против формирање армија на Косово.

Историски, Косово само се бранеше во војната. Сега сакаме модерна армија која ќе биде заедно со нашите партнери за да се одбраниме, рече Хоти