Албанското Министерство за одбрана објави тендер за продажба на стари авиони, бродови и блиндирани возила за старо железо.

Тие се поделени во четири категории, а почетната цена со која тие излегуваат на продажба е околу 166 милиони леки или нешто повеќе од 1,33 милиони евра.

Подигнувањето од магацините каде што предметите за продажба се наоѓаат ќе се изврши по завршување на тендерот но откако пртеходно ќе бидат демонтирани.

Во првата категорија се „блиндирани воени возила и делови за нив“ од метал и од челик со почетна цена од 630.000 евра.

Во втората категорија „возухопловни средства“ од метал, челик и дуралуминиум, се продаваат 150 тони, а почетната цена е 170.000 евра.

Во третата категорија се „пловни објекти и опрема“ од челик, помала количина бронза и алуминиум, во вредност од 220.000 евра, додека последна категорија се агрегати и други воени средства од челик, бакар и алуминиум со почетна цена на наддвањето од околу три милиони евра. Во сите случаи не е пресметан ДДВ.

Понудите се доставуваат до 22 октомври.