Србија на Меѓувладината конференција во Брисел отвори уште едно поглавје во пристапните преговори – деветтото, за финансиските услуги. За десет години преговори отворени се 16 поглавја, а две се веднаш затворени.

На Меѓувладината конференција за пристапните преговори со ЕУ, Србија потпиша Инструмент за претпристапна помош (ИПА) за 2018 година во износ од 179 милиони евра.

Ова поглавје, како што наведуваат, го регулира финансискиот систем.

Областа е исклучително важна за сите учесници на финансискиот систем и треба да донесе пониски камати и подобри услови за кредитирање.

Делегација на Србија во Брисел

Делегацијата на Србија во Брисел ја предводи министерката за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ.