Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“ меѓу другото се задржува и на евронтегративниот процес, при што однесувањето на Бугарија кон Македонија го нарекува срам.

-Начинот на кој Бугарија се однесуваше кон  Македонија беше срам. Софија повеќе не подели отколку што не обедини. Се надевам дека тоа ќе се промени сега, изјавил Рама, јави АБЦ њуз.