Здравко Савески: Дојдоа до таму да се крстат во Крсто Мукоски за да им поминат уставните измени

Законот за амнестија  има за цел да се протнат уставните измени преку методот на „стапот и морковот“, нешто што не  е дозволиво од гледна точка на владеење на правото, вели во интервју за Пресинг ТВ Здравко Савески од Левица, еден од најгласните и најборбените учесници за време на протестите на „Шарената револуција“.

„Секое прекршување на владеењето на правото и демократијата, Македонија не ја води по европскиот пат без разлика колку и да кажуваат дека ова го прават за влез во ЕУ“, смета Савески.

Според него „Шарената револуција“ е предадена со самото доаѓање на власт на СДСМ.

„Тие ја искористија протестната енергија, за да седнат во фотелја и да се однесуваат во голема мера како што се однесуваше минатата власт“, вели Савески.

Не се кае што бил дел од „Шарената револуција“.

„И тогаш и сега се борев и се борам за социјална правда и демократија. Тоа што беше злоупотребена борбата од страна на СДСМ не значи дека треба да се откажеме од таа борба и тука се виде кој за што се борел,дали за фотелји или за реални промени во корист на обичниот човек“, додава Савески.

Најнови видеа
marsbahis girişgamdom girişjojobet girişjojobet girişjojobetjojobet girişjojobet girişJOJOBET GİRİŞjojo girişholiganbetjojobetjojobet giriş