0:00
Изборите за претседател, според Уставот на Република Македонија, треба да се распишат 60 дена пред истекот на мандатот на актуелниот претседател на државата. Вториот петгодишен мандат на Иванов му истекува на 12 мај.
Се разгледува можноста првиот круг од претседателските избори да се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај, а изборите да се распишат најдоцна на 8 февруари со што би се испочитувала законската рамка, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.
Во јавноста на големо се шпекулира за можните кандидати за претседател на државата. Постапките за избор на кандидати на партиите допрва ќе започнат.