„Тој што на Божик вели дека Христос се роди, тој вели дека Христос се родил, а другиот тоа го потврдува, Навистина се роди. Христос дојде на овој ден на светот за да ни го покаже Спасението. Затоа Божик е мајка на сите празници.
Ние се радуваме зашто Христос дојде за да ни го покаже патот по кој треба да оди, да ја твори Божјата волја и како да го здобие вечниот живот“, вели во интервјуто за Пресинг ТВ, протојереј ставрофор Сашко Николовски.
Во црковниот храм „Св. Климент Охридски“, кој е подготвен за најголемиот христијански празник, разговаравме за значењето на Бадник и на Божик, за тоа како треба да се подготвиме и како да ги прославиме тие празници. Дали треба да се става паричка во лепчето? Што треба да има на Бадниковата трпеза? Што треба да правиме со Бадниковото гранче, како да ги дочекаме коледарчињата, како треба да се однесуваат тие што сакаат да се причестат, што се прави на Божик…? За овие прашања разговаравме со отец Саше.