05.11.2019 / 12:17

Витанов: Со враќањето на рамниот данок, власта ја призна својата тврдоглава политика

Економистот Зоран Витанов смета дека одлуката на Владата да го врати рамниот данок покажува дека има доблест да ја признае својата тврдоглава политика. Витанов ја поздравува таа одлуката на министерката за финании, затоа што, како што истакнува, државата мора да ги слуша тие што го полнат, а не тие што го празнат Буџетот.

„Премиерот Заев се што кажа порече и затоа тој треба да ја сноси одговорноста од лошите економски политики.  Го донесе прогресивниот данок, без ниту еден аргумент, па даночната евазија се зголеми, а многу млади луѓе  отворија сметки во странство“ – вели Витанов.

Најнови видеа