Василевска: Пратениците не информираа што им нудел и правел Мијалков

Информацијата дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков им нудел на пратениците пари и ослободителни пресуди за да гласаат за уставните измени, ја пренесоа лично пратениците. Ова во интервју за ПресингТВ го тврди професорката Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

За последното активно учество на Сашо Мијалков во принудувањето на нашите пратеници, во злоупотребата на пратениците кои што беа во домашен притвор, бидејќи тоа се нивни лични искази, не треба да се лути на нас како раководство, треба да ги праша нив, бидејќи тие ја пренесоа информацијата, за неговите понуди, во пари, со ослободителнио пресуди и со насилство. Ако таква улога играл, кога Зоран Заев речиси и го соборивме од власт, тогаш апсолутно неговото место не е во редовите меѓу нас. Тоа не значи дека ние сме декадентни, туку дека конечно се чистиме од плевелот, и баластот на луѓе кои преку моќта и чистата есенција на вмровското ткиво направи огромно богаство, а очигледно до ден денеска има огромна улога и во извршната власт и восудството, вели Василевска.

Таа додава дека во партиските редови се уште постои извесен страв и недоумица како сега после одлуките за исклучување и разрешување.

Постои извесен страв и недоумица меѓу нашите сопартијци како сега нас ќе ни биде вратено назад од сета активност која што ја направивме. Јас би рекла задоцнето, бидејќи сите го знаевме името и презимето и на тие кои што направија упад на 27 април, сите знаевме кој правеше фирми кога Македонија гореше од шарената револуција, сите знаеја кој со кого ги дели приватните бизниси. Тоа можете да го видите и ако одите во Централнот регистар и во Регистарот за формирање на фирми. Точно ќе ги видите имињата и на братучедот на поранешниот премиер Груевски, но и на братот на актуелниот премиер Заев. Кога ќе ја видите таа констелација, кога ќе видите дека всушност вие сте една обична марионета, небитен поданик, обично средство и инструмент, која во рацете на овие веројатно бескрупулозни умови претставува математички пресметана играрија,во која што сега ќе ве допуингуваат со национализам ,сега ќе ве пуштат и ќе ве предадат во Собрание, а утре ќе ве продадат, бидејќи тоа е нивниот интерес, а не интересот на Република Македонија, смета Василевска.

Најнови видеа