0:00
Одлуката за отстранување на оградата ја донесе Владата на седница, а целта, како што наведоа оттаму, е да се ослободи целосно јавниот простор околу владината зграда за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.
Во четвртокот со брусалки почна отстранувањето на оградата. Владиниот портпарол рече дека нема да се трошат пари од граѓаните, туку се искористуваат внатрешните ресурси, односно постојните капацитети на службите во Владата.
Бетонските столбови засега остануваат, бидејќи како што појасни Бошњаковски, нивното отстранување чини премногу. Отстранувањето на оградата околу Владата беше едно од предизборните ветувања на оваа власт.