Пресинг пред 4 недели

Ванковска: Во акутна фаза на криза, немате моќ да помирувате

Во ваков момент, во кој општеството буквално е во акутна фаза на криза, вие немате моќ да помирувате. Прво, која е таа морална фигура, тој морален лик на политичар, не знам, на Нелсон Мандела или како и да го наречам, дали ние препознаваме таков? Апсолутно не постои, вели за Пресинг Тв професорката Билјана Ванковска.

Според неа, ние не сме во фаза на нормализирање, на запирање на насилства, на погребување на жртви или се што е поврзано со тоа за да почне да се работи на помирување. Кај нас може да се апелира на дијалог, на дебата, на разговори, на взаемно почитување во разликите.

Зашто, како што вели професор Ванковска, помирувањето бара разговори и за најболните, за најделикатните точки, а со ставањето под чергиче на мавровските работници покажавме дека не сме способни ни за дијалог.

-Значи, ние, ова општество, треба да се врати на абецедата, на почетоците на нормално политичко функционирање и разговарање, за евентуално да стасаме до темите кои се долготрајна задача, на кои треба да се работи постојано, на политичка култура во која противникот не ти е непријател, вели за Пресинг Тв проф.Билјана Ванковска.

Најнови видеа