0:00
Договорот со Грција е урамнотежен и во него двете страни имаат направено отстапки како и она што го барале. Знаејќи ја историјата на целиот спор не можеме да се надеваме дека ќе постигнеме подобар договор, нагласува првиот претседател на Собранието, Стојан Андов.
Тој во интервју за „Pressing TV“ вели дека дека договорот не е идеален но е најдобар од она што можеше да се направи.
Во разговорот стана збор и за бојкотот на Албанците на референдумот во 1991 година и дали тоа може да се споредува со најавите за бојкот на референдумот на 30 септември. Според него, не може да се издвојува договорот со Грција со поддршката за членство во ЕУ и НАТО и дека тоа се врзани нешта.