0:00
Со елиминирањето на одлуките на заседанието на АСНОМ се брише името Македонија и државотворниот карактер на македонскиот народ. Целта е да проектира нова држава „Република Северна Македонија“ која ќе има ограничен сувернитет и ќе биде целосно зависна од Грција, нагласува за Пресинг ТВ, историчарот и професор Михајло Миновски.
Според него, со секоја употреба на името „Македонија“, Грција според спогодбата има право да интервенира и да забрани бидејќи мора да биде врзано со зборот „Северна“.
Според него, ако сега се промени Уставот, договорот не може да се измени и дека името „Република Северна Македонија“ ќе го имаме за век и векови.