Замрзнати улици, паркиралишта, тротоари – ова е сликата со која се соочуваат граѓаните по снежните врнежи што ја зафатија земјата. Поради нерасчистениот снег и замрзнатите тротоари постои голема опасност граѓаните да се здобијат со скршеници.

Но, по се изгледа дека скопјани се внимателни. Во последните 24 часа, од 39 примени повици во Итната медицинска помош, само двајца граѓани се здобиле со повреди како последица од лизгање на снег. Истите се препратени на лекување во скопските клиники.

Лекарите апелираат за вакви повреди да не се оди на надри лекари и местачи и на вакво време осоебно повозрасните без потреба да не излегуваат од дома.

Од УХМР најавуваат нови снежни врнежи на пониските места, но подмрзнато во утринските часови ќе биде и наредните неколку дена.