Првичната идеја за креирање на апликацијата „Мој воздух“ беше да се информираат граѓаните за состојбата со воздухот, да добијат поедноставен пристап до овие отворени податоци, но другиот дел од идејата на „Мој воздух“ на кој се уште работам е да ги мотивирам граѓаните да превземат нешто за овој проблем, вели за Пресинг ТВ креаторот на апликацијата Горјан Јовановски.
Програмерот и еко-активист порачува: „да, сега можеме да споделиме слики на фејсбук и да напишеме лути статуси, но доколку не излеземе на протест или директно се конфротираме со политичарите работите нема многу да се сменат“.
Тежината на проблемот ја гледа во институциите. Вели должни се да го сфатат овој проблем, нема бегање од загадувањето и нема прикривање на истото, сите го дишеме истиот воздух.