Сиљановска: Во првиот круг започна делегитимирањето на власта, тој процес треба да заврши во вториот круг

Во интервју за Пресинг Тв претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова вели дека Венецијанската комисија во најмалку три извештаи му препорачала на македонскиот законодавец да го смени изборниот законик и да го тргне изборниот праг од вториот круг од најмалку 40 проценти, бидејќи тоа е непознат феномен штом двајца одат во вториот круг.

„Ама во Македонија се е партиски договор и партиски пазар и никој не се откажува од изборниот праг и сега се доведовме да мислиме шшто ако го нема цензусот.  Се надевам дека ќе има цензус, ако го нема ќе тргнат во уште една уставна промена избор на претседател во Собранието. Тоа веќе го слушнавме од министри на СДСМ, за мене тоа е погубно решение по демократија. Ова го темелам на искуството на примерот на  изборот на претседателот Глигоров на притисоците и пазарите и тогаш постои опасност целата власт да се најде на едно место. Се надевам дека фамозната бројка од 40 % ќе биде постигната“, вели Сиљановска.

Во однос на тоа дали ќе ја побара поддршката од оние кои во првиот круг својот глас го дадоа за Блерим Река таа вели:

„Јас во сите мои изјави се обраќам до сите граѓани, јасно е дека граѓаните со албанска етничка припадност се импозантна бројка како гласачко тело, но исто како и господинот Река се обраќам  како на поедници, не низ партиски пазари оти јас не можам да претставувам партија, непартиски кандидат сум. Од друга страна премиерот со самото тоа што вели дека ќе ги бара покажува дека тие имаат богато искуство во политички партиски пазари од секаков вид. Но самиот господин Река вели дека гласачите за него се субјект и за мене се субјект не се објект. Ќе им се обраќам се разбира ним. Може да чуеме трагикомични изјави дека сум била албанофоб, тоа е далеку од здравиот разум, а не само од реалноста. Албанофобијата е нечовечко однесување. Јас никогаш не сум направила такво нешто во животот“, појасни Сиљановска.

Вели дека ќе разговара и со оние кои бојкотираат.

„Едно е да тврдите дека начинот на кој беше сменето името е надвор од Уставот и меѓународното право и дека тоа не ви го прифаќа не само срцето, туку и умот, но друго е да не сфаќате дека токму победата на овие претседателски избори значи делегитимирање, бидејќи она што го мислат луѓето во поглед на името што стојат зад бојкотирам е и мој став во поглед на целата постапка и на процедурата. Тука сме многу слични, различни се само чекорите. На овие избори треба изборно да се делегитимира оваа власт. Тоа е веќе направено во првиот круг, сега треба да се заврши тој процес, з апотоа да се инсистира на предвремени парламентарни избори, на кои ќе дојде во формирање на ново парламентарно мнозинство. Јас сум човек кој за разлика од премиерот кој велеше за време на „Шарената револуција“ дека нема да има повеќе само две партии кои управуваат со оваа држава се залагам за преиспитување на изборниот систем, за да можат и други субјекти да влезат во парламентарното мнозинство“.

Сиљановска очекува во мај очекува политичката пролет да достигне кулминација.

„Да почнеме ново време. Многу е банално да велите заедно напред, ама и заедно е спорно и напред е спорно. Оти не ви е доволно напред да одите само со Преспанскиот договор туку напред се оди со реформи, а нив ги нема.  Очекувам во мај Македонија да почне да става крај на транзицијата. а во Македонија има луѓе кои сесиноним за транзицијата“, рече Сиљановска.

Најнови видеа