Разликата на оваа со претходната влада е само во амбалажата

Неодамна Насер Селмани, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, реагираше со критики на медиумското рекламирање, конкретно за време на референдумската кампања. Во интервју за Пресинг ТВ, Селмани истакнува дека меѓу претходната влада на Никола Груевски, и сегашната на Зоран Заев нема суштински разлики, туку само е различна амбалажата.

„Ваквата пракса на новата влада е неприфатлива. Во вакви коруптивни, клиентелистички односи не може да зборуваме за слободни и професионлани медиуми“, истакнува Селмани.

Тој, додава дека „медиумскиот систем е недемократски, базиран на корупција“.

Селмани, кој го привршува својот втор претседателски мандат на челото на ЗНМ и ни рече дека нема да се кандидира повторно за челната позиција, е песимист дека нештата во медиумската сфера можат да се променат на подобро, и притоа вели дека „ова не е систем, ова е монструм од систем“.

Најнови видеа