0:00
Очекувано беше дека тешко ќе се постигне цензус на референдумот бидејќи многу граѓани се надвор. Ние со референдуми немаме голема традиција каде граѓаните би се мобилизирале да излезат и да гласаат.
Но мислам дека сепак требаше да се излезе во поголема бројка затоа што овој референдум ни ги отвора вратите за членство во ЕУ и НАТО, вели во изјава за „Pressing TV“, претседателот на Евроатланскиот совет, Исмет Рамадани.
Тој е дециден дека политичките лидери во Македонија треба да направат уште еден обид да седнат на заедничка маса и да ја гледаат големата слика за тоа што значи евроатланска интеграција.