По усвојувањето на амандманите ние нема да можеме никаде да ја слушаме ни македонската химна

Постапката со референдумот е „правен вампиризам“, истакнува во интервју за ПресингТВ, професоката од Правниот факултет на УКИМ, „Јустинијана Прима“, Гордана Силјановска Давкова. Таа додава дека одлуката за почеток на уставни промени е незаконска, односно нема правен основ.

Силјановска вели дека ако до сега нејзини колеги мислеле дека Македонија е слаба држава, сега некои од активностите што се случуваат наведуваат на заклучок дека „се работи за пропадната држава, или за држава во распаѓање“.

За предистражната постапка која Основното јавно обвинителство ја спроведува против шефот на државата и врховен командант на оружените сили, таа потенцира дека „само Уставниот суд може да ја оценува работата на претседателот на државата врз основа на импичмент“.

Професорката Силјановска истакнува дека наскоро се очекува да ги видиме шоковите кои се сокриени во Преспанскиот договор, а како еден од нив наведува е тој што „покраината Македонија во Грција веќе го прогласи Солун како главен град на Македонија“ и тоа пред странски гости (на парадата во Солун на 28 октомври н.з.) и притоа истакна дека ние ќе го изгубиме најважното – придавката „македонски“.

Таа предупредува дека чекориме кон нешто што другите не можеа и не смееа да го сторат – одиме кон себеуништување.

 

 

Најнови видеа