0:00
Оваа влада не ги исполни очекувањата на граѓаните. ЕУ досега го толерираше однесувањето на Заев само заради промената на името, но тоа веќе е завршена работа. Со тоа, Заев станува неупотреблив, оценува политичкиот аналитичар Александар Пандов во интервју за Пресинг ТВ.
Според него, прашање на време е кога по францускиот амбасадор и други дипломати ќе почнат отворено да говорат за корупцијата, непотизмот и пропустите на оваа влада.
Заев имаше една и единствена употребна вредност а тоа е да го смени уставното име на државата, да ја обезличи државата да го избрише македонскиот идентитет и историја. Откако е тоа завршено тој е веќе неупотреблив – оценува Пандов за Пресинг ТВ.