Како човек кој 22 години ја следи макроекономијата, можам да кажам дека ова е најлошата економска влада откако Република Македонија е самостојна држава, вели за Пресинг Тв економскиот и финансиски консултант, Зоран Витанов, со кого разговаравме околу владиниот предлог за воведување прогресивен наместо досегашниот рамен данок.
Витанов е со предлог, не 18, туку 20 отсто да биде персоналниот данок за сите оние кои го плаќаат за примања на 90.000 денари, но истовремено сите оние кои имаат под 212 евра месечна плата да бидат комплетно ослободени од плаќањето персонален данок.
Имам еден официјален податок, кој што е на вебстраната на Министерството за финансии, според кој 50 отсто од работоспособното население, а тоа се над 300.000 работници, земаат месечна плата под 212 евра. И сега, дали е фер тие луѓе да плаќаат 20 евра на таа сума персонален данок и никој да не зборува за тоа? Затоа мислам дека оваа мерка е популистичка, нагласува Витанов.