Не сакаме да ја расипеме уставната математика на власта, туку да бидеме дел од неа

Барањата на БЕСА за уставни измени се во наскока на подобрување на правата на Албанците и на градење на Македонија како граѓанска држава без да се фаворизира одредена заедница. Не очекуваме дека ние ќе дојдеме во ситуација да ја расипеме математиката на владејачкото мнозинство за обезбедување на 80 пратеници за уставни измени, туку ние да бидеме дел од таа математика.

Ова во интервју за Пресинг Тв го вели Кастриот Реџепи, потпретседател на Движењето БЕСА. Реџепи не сака да прејудицира што доколку власта не ги прифати нивните барања бидејќи веруваат дека сега е создадена клима да се решат овие отворени прашања и да се насочат на економијата во државата.

 

Најнови видеа