04.03.2020 / 14:24

Митовски: Во Македонија владее инквизиција

На само 40 дена пред избори на овој начин власта на СДСМ се обидува да не замолчи нас, да ги замолчи нашите новинари, да го замолчи Инфомакс, но тоа нема да се случи џабе везете. Ова е ставот на уредникот на „Инфомакс“, Александар Митовски откако денеска беше осуден со осудителна пресуда од 6 месеци затвор условно, доколку во наредните две години Митовски не го повтори делото.

Ова рочиште  што само потврди дека во Македонија владее инквизиција. Тука не важат повеќе закони, не важи Устав, не важат меѓународни договори, не важат повелби за човекови права и слободи, не важи ништо освен политичкиот интерес на Зоран Заев кој што се најде засегнат од текстот кој што е спорен според овој суд и ова обвинителство дека бил споменат како човек кој што ги информирал Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец дека против нив е покрената постапка со цел да не биде тој човекот кој што ќе биде фатен како организира рекетарска шема во државава.

Најнови видеа