0:00
Очекувам пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да биде компактна во расправата против уставните измени. Довербата што ја имавме со оние осумтемина пратеници е нарушена, вели во интервју за Пресинг ТВ,координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Тој телото за помирување го нарекува тело за порамнување преку кое треба да се заврши работата за дел од обвинетите од 27 април и дека доколку власта сакала помирување ќе го прифатела нивниот предлог закон.
Мицевски е јасен дека во телото за помирување нема да учествуваат, но оти будно ќе ја следат неговата работа.
Тој не очекува заедно со претседателските избори да има и парламентарни, но ако резултатите бидат позитивни ќе бараат и предвремени парламентарни избори.