ВМРО-ДПМНЕ нема намера да биде соучесник во поддршка на криминалот на Специјалното јавно обвинителство и на специјалната обвинителка Катица Јанева, што од нас го бараат СДСМ и министерката за правда, Рената Дескоска. Ова во интервју за Пресинг ТВ го истакнува адвокатот Тони Менкиноски, лидер на работната група на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за законите за јавното обвинителство и за СЈО.
Според Менкиноски, токму ова е и причината за да се поддржи предложениот член 105 од законот за СЈО, поточно да не се стопираат истрагите кои Јанева ги почна по 30 јуни 2017 година и кои се нелегални. Таков е случајот „Талир„ со кој е блокиран севкупниот имот на најголемата опозициска партија.
Адвокатот Менкиноски истакнува дека е лага на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ со предложените амандмани, и конкретно на членот 105, бараат скриена амнестија. Тој додава дека опозицијата сака ефикасна борба со криминалот и корупцијата и е посветена на квалитетни реформи на судството, односно на обвинителството кое ќе се потпира на меѓународната позитивна пракса, пред се на Советот на Европа и на ОН.
Дали ЕУ и САД се вклучуваа во преговорите, што си кажале зад затворени врати и какви се перспективите за преговорите во интервјуто со Менкиноски.
-Ние имаме 40 луѓе во тимот за преговори, а СДСМ само еден, покрај Дескоска, што јасно говори за тоа кој со каква сериозност разговара за Обвинителството – наведува Менкиноски и истакнува дека предложениот закон е копија на хрватски закон до запирка.